како (прил.) - змија (имн.)

Ама оти ги даде сите голи како змија на трн, многу му беше гајле!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Една од големите тајни која ја криеше како змијата нозете.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не просаскав како змија, туку крикнав, гласно рикнав од што занеме сѐ по полето: и жегалците, и пилците, и ветрот од дрвјето, и жегата во воздухот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Како и на секој Јов, најден на мака, ќе му се прикраде како змија мудриот пријател кој ќе почне да го советува да се мавне од „глувчешкото пријателство“ зашто, како што се случувало, и тој можел да се глувчоса.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Китан кога ја виде сумата, како змија да го касна: изнесуваше двојно повеќе од вредноста на куќата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
„Мајка ѝ“, рече Никола, „да беше каква што не беше, кога Гала се замоми, плачејќи и коси корнејќи ќе ја пееше она народната Не крши се како риба низ водата Како змија низ тревата! Не ги гори ергените...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ја пушташ водата, а тоа цревцето како змија се извива и го бркаш низ бањата, па си принуден млазот да го намалиш на минимум и, по принцип капка по капка, да се тушираш, нормално со придружбата на Мара.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И ја менат својата облека како змијата што го чини тоа. Ноќе.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Не палјачовци. Зашто тие имаат смеа само за себе и ја носат во своите катници како змијата што го носи својот отров.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ѕиркаше час јатагани, час копита, бечви, час пискуљи од коњска грива, час дизгини, превртени грпки од седла, чизми, пушки и кубури, камшици засукани околу нечиј врат како змии, а кога воздухот сосем се нагнети од потни тела на луѓе и коњи и стана густ за дишење, Петре си рече: и убог божјак да сум, ми нема спас.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
АНЃЕЛЕ: Ах, мори внука, таму ги има што ги има пусти компири, може осумдесет сорти! Некои се како змии.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Под брегот браздата со вода се тенчи, се исукува и како змија се крие низ камењата и лопушките, крај неа пиштат жегалци жедни на ридот се гледа забодена коса со сечилото свртено нагоре кое одвреме навреме одблеснува на сонцето како молња да прелетува и навира морници; чиниш: Архангел со мечот минува или се токми да мине.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Што рече, што рече?...” пламна офицерот исфрлајќи го јазикот како змија.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Кадијата ги прегрна двете кадани што му седеа на колената, ја здружи главата со нивните и се заѕури во играчицата која се виткаше како змија низ трева. – Аферим, бре Халиле-е! – се провикна кадијата, ги ослободи своите раце и почна да плуска силно.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)