Очите им се како зрна бисер, светат и пронижуваат како сабји.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Ова мора да биде разговор
меѓу мене и тебе, затоа
раскажувам и понатаму
во прво лице еднина
(„Јас“ си Ти, и јас!):
најдена среде ѕидините на манастирскиот двор
излегов од себе, негде вон, неволно
и брзо-брзо се прибрав
како зрна жито расфрлени за колвање
збирај-збирај, не се дособира!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)