Знам оти тебе ти е као лага; арно ама мене ми е навистина, оти од татка ми е прикажана оваа приказна - вака ми рече татко коа ми 'а прикажа сопрво.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Мојот впечаток е дека верувањето во текстот произлегува од вистинитоста на тонот, од оној внатрешен говор кој на сцена го препознаваме како „логичен акцент“, во секојдневниот живот како лага или вистина, а во литературата како симулирано или стварно.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
– „Ете вака, синко Марко, се сторило со Силјана од Мало Коњари; знам оти тебе ти е како лага; арно ама мене ми е навистина, оти од татка ми е прикажана оваа приказна“, вака ми рече татко ми кога ми ја прикажа со прво.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
ДЕВЕТТЕ БРАЌА И ЕДНА СЕСТРА ШТО СЕ СТОРИЛА ГУЛАБ И ПОСЛЕ ПАК ЧУПА Си биле деветмина браќа и една сестра, сите девет браќа биле женети и сите раќа мноогу ја милуале сестрата.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)