Со идеализам на получовек
и хендикеп на кентаур
ја оптегнувам Стрелата
како небо
како срце.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Слуша како срцето му тупка: - Туп-туп-туп!
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
- Како срцето бе Здравко? - Екстра. Се осеќам ко препороден.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Го гледа Ангелета, не го пушта од очи, како срцето да ѝ го носи в раце. Го гледа и пишти.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)