Општо зборувајќи, ризикот е теориски, како некаков вид нус-производ и мазохизам инхерентен за секој креативен чин, па навистина требаше да се причекаат шеесеттите и почетокот на седумдесеттите за да се види како уметниците ги загрозуваат своите тела и им нанесуваат жестока физичка болка со цел да произведат мисла. (Pluchart 1978; 39)
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Кога курвата сака да ја мине границата како уметник, таа излегува од рамката каде што била објект за самата да може да ја авторизира сопствената рамка.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Беди, да го разбиеме овој хронолошки тек. Дали се чувствуваш како УМЕТНИК, со големи букви, или ти е блиска идејата за вештина, занает, или едноставно се работи за некаква мистика, предестинираност...
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Порнографијата со својата дословност и занимавањето за сексуалниот ефект (еден од најстарите примери за интерактивен однос меѓу гледачот и изведувачот) му се заканува на митот за симболичката форма и естетската дистанца на уметноста.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Уметниците се изложуваат на своевидно растројување на сетилата - на пример, Рембо, Ван Гог, Арто.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)