Претпазливо чекореа како по минско поле, по животот, плашејќи се од Бога!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Како по некој договор, сите дружно, козари сосе козите од маалото, се зададоа кон реката, сите во тек со најновите историски настани.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Тие расштимани звуци навидум внесуваа живост во депресивната атмосфера од третата окупациска зима на островот. Лука Карер шеташе вдолж молот и досадувајќи се, со врвот на големиот црн чадор со дрвена дршка, ги допираше металните бочи на пристаништето.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Покрај него стоеа уште тројца службеници на општината, сите со црни чадори во рацете, а нешто потаму и настојникот на митрополијата и неколку свештеници со развеани бради и раса, и камилавки кои како по наредба ги придржуваа на главите секогаш кога ветрот ќе дувнеше позасилено и ќе однесеше нов навев на солен воздух кон главниот град на Закинтос.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Јордан Тренков им одржа говор во Жиовските ливади под Становица.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Остави и, море, шо ти сториле шо ќе и мушкаш, токо да пратиме некој да му рече да сварат повеќе пилав и да го остават да се лади, оти жежок не се јаде, — му одговараше Саботко Неданов, фаќајќи се за кубурите и фалејќи се како по двајца аскери ќе тепа наеднаш.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Отсекогаш децата на докторите мораа да станат доктори. Тоа си одеше како по дифолт.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Како по команда, рибарите ги поотпуштија веслата, погледите им се приковаа на колјата - дименџијата сосема го крена веслото - чунот подзапре, го измени правецот, него никој не го управуваше.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Првиот волк веќе сосем наближи кон плевната, а другите, како по договор, како да исполнуваат некој прецизно замислен план, се распрснаа лево и десно.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Како по наврапито стишување на невремето, кога птиците во исто време ќе се разгракаат, па во радоста што го преживеале, ќе почнат со клуновите да се грабаат за една иста мушичка.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
На модриот пат, Патнику, на модриот пат на собирот од засмеани чудни девојки качувајќи се по нивните бедра како по огнови на модриот пат небото руменее.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Најпрвин, како по правило, почнуваше Караѓозо, јако, темно мажиште со испакнати коски на лицето, со орлов нос, со брада која како да растеше дури и на очите.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Јаков Иконописец останал сам, врел и во оклоп на модрици, наеднаш безимен и бутнат на некое дно на кое само месото ја памети својата болка.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се тргал, сакал да му се врати на својот свет што го измислувал, сакал да гледа како по усвитени карпи се лизгаат грешни души, со крици на врани паѓаат во густо и вжештено море и ѕурат со усвитени клобуци кон своето блажевито минато.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Набргу во тишината беа чујни дури и нивните крадешки чекори, а одвреме навреме можеше дури и да се види како по таа белина напред прострелкуваат понекаде и нивните издолжени прилики, кои се искриваа уште првиот следен миг, оставајќи во погледот само една колеблива игра на причинувањето.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Змејко ги водеше низ таа снежна шума како по друм, без ниеднаш да се подвоуми.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ќе ѝ ги пишеш волшебните зборови за успех во работата, за бериќет и љубов, а можеш и лента да ѝ снимиш (аудио), да те слуша по стопати дневно и да ги направи сите работи по ред, како по инструкциите што си ѝ ги издиктирала со радиофоничен глас.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Сите наследници, независно чии се, како по правило се сретнуваат на истиот шалтер во службите за издавање изводи.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Не се тие лесни девојки“, ѝ рече кога се разделуваа, а таа знаеше дека следниот ден, во „комбинованата“ соба ќе бидат наредени, како по стар муслимански обичај, сите подароци, обесени на закачалки врз корнизот, за да може да ги покаже, како и букетите спакувани во целофан и наредени накосо на сите долапи во регалот, нормално без вода.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Ептен се сочувани, тукуречи нови,светнати, а за тебе и за стајлингот твој како по нарачка се правени.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Дека е тој толку голем, што да му нема друг рамен, а Васил спечурен и крив, а тие се постојано заедно, граѓаните, здружени и со ѓупско и со турско, како по мека се собираат по нив и ги задеваат. Особено него, Лазора.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Бидејќи неочекувано од учител станав проповедник, моите зборови многу го трогнаа народот, толку многу што ако за време додека се четеше евангелието од младиот поп Георги сите се накашлуваа како по договор (како во нездраво време) за време, пак, на мојата реч сите со задоволство слушаа и не само што запре накашлувањето, туку човек можеше да си помисли дека народот заборавил и да дише.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Мусли бег нема да го испушти Јована да премине на чифлигот Јаузоски, припратен е по него како по свој, го научи турско писмо, го изучи да свири ут и го изучи да го толкува Коранот и му има повеќе доверба од на синовите.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Како по обичај прв зеде збор Влатко, дежурен лижигаз во секретаријатот и поранешен активен член на гардата.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Утот уште еднаш писна и ги покри другите шумови. И веднаш, како по спогодба, сѐ стивна.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Како и секогаш што се случува во такви прилики, зборот тргна пребрзо, се затркала како по надолнина налепи на себе патем отпадоци и мириси и секакви погубности, се измени, отежна огрубен, темен, грдомазен.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Одиш така со нозете една пред друга, како по некоја замислена права линија. Те води низ лавиринтите.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Како по порачка, ритмовите се искршија (или така ми се чинеше), и скокав мафтајќи со рацете, во обид да ја излеам жешката лава.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Очигледно го минувала истиот пат порано, зашто ги одбегнуваше мочуришните делови како по навика.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Долгите кловновски чевли бијат по дрвениот под како по барабан.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Говор, патетичен како по урнек, како на отворањето на собирот...
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Но со пилињата цели приказни распредува, како да разговара со малечки деца.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Онаа Илинка, жената на Крсто касапот, не знае ни доброутро да ти рече, ни добровечер, а со неа разговор да поведеш како по коприви боса да прошеташ.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Со една рака веслаше тој, а со друга Царјанка; кога ќе се изгубеа далеку од брегот, ги оставаа веслата и се впиваа еден во друг; тивкото ветерче им павкаше по голите тела, им минуваше по вжештената кожа како да ги лиже; чунот поигруваше, се нишаше, шлапкаа ситните бранчиња по него како по голи бутини.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Тој ја напушти стражарницата и му се врати на езерото без кое не можеше: ги оптегнуваше мрежите на диреците крај куќата, ги чистеше од тревје и алги, шеташе со прстите по нив како по жици од харфа потпевнувајќи си; кога ќе му дојдеше дремката, легнуваше на песокта крај езерото, и додека тоа тивко, како некое жужаленче жужаше на песокта, тој тонеше во длабок сон; спиеше сѐ додека на зајдисонце не му затропаше добитокот што идеше од пасење и навраќаше да се напие вода; а кога ќе легнеше поднапиен, тогаш ни тапани не го будеа; стануваше кога некој од домашните ќе го растресеше.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
„Така си е тоа. И јас сум од село. Си оставив магаренце, па учев како по планињево да го искачам слонов! Ајде!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Четворицата на масата како по команда кимнаа со главите во знак на согласност со А.А.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Бидејќи фронтот овде мируваше долго време, војската имаше време да го изора ридот со ровови, како по линијата на фронтот така и во правец на отстапниците и пристапниците што обезбедуваше максимално добро функционирање на војничкиот живот.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Како по старата традиција кога живеевме заедно, кафе или некоја лесна салата, покрај видикот на кејот на Вардар.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Таа несреќа ја следела и мајката на мојот дечко, како по некоја проклета наследна коб.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)