- Мирувај, мирувај, завршувам со преврската – рече болничарот. - Ама крвариш како заклан вол.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
При спиење крчеше силно, бревташе како заклан јунец, како вулкан да клокоти.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Таа како заклано пиле се фрлаше на душемето. Проклет да бидам, одвај со вода и шеќерче ја повратија.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Ги гледам книгите што расфрлени лежат на масата по полиците и таа слика уште повеќе по полиците и таа слика уште повеќе ме исцрпува. Заспивам веднаш, како заклан.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
А кога жиците ќе прснат, гласот на Паганини ќе молкне како скршен будилник. Не, како заклан петел.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Методи сигурно сега спие како заклан и сосем не му паѓа на ум да се тревожи како тебе - зошто не е разбуден на време.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)