Целната група чие вработување се сакаше да биде олеснето беа невработените лице со најмалку 25 години пензиски стаж и над 54 години возраст на кои работниот однос им престанал по основ на стечај или по основ на технолошки вишок, кои оствариле право на надоместок од осигурување во случај на невработеност и се евидентирани како невработени лица над две години по искористување на правото по основ на невработеност (чл. 3).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Во поглед на обврските на невработените лица кои произлегуваат од нивниот статус на невработени лица, со донесувањето на ЗВОСН утврдена е дополнителната обврска, за тие да можат да се водат како невработени лица, на секои два месеци да доставуваат доказ дека се пријавувале на огласи кај работодавец или во Заводот (чл. 14, ЗВ и чл. 53, ЗВОСН).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)