Толе на очи ги измаскари Перета, Тренков и Ацев, а особено неговиот бивш секретар Шаќира што побегнаа од Витолиште; ги потценува и понижува со разни епитети: кокошкари, мазникари, но си ја зеде грижата да не ги даде в раце на потерите и на смртта од глад, та така од една висока точка се постави како нивен заштитник.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И службеното лице задолжено за самиот влез беше излезено и сега следеше како нивниот раководител и Филип Д., граѓанинот со белата покана, бавно се оддалечуваат од последната саемска зграда кон високото снежно брдо што јасно се одделуваше од мракот.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Беа дојдени млади и стари познавачи на арапската османица, историчари, толкувачи на таинствените битолски кадиски записи, односно сиџили, на кои Татко им го посвети целиот живот, како нивни откривач и верен толкувач.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
— Сигурно некои коркари како вас, — не престануваше Толе да ги навредува.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Власите во Грција немаа и немат никакви права, не смееја да зборат влашки, да живеат во градовите туку мораа да останваат високо во планинските села, на песните им го менваја тексто во грчки и ги претставуват како нивни да се.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Серез бил освоен во 1383, а околу 1385 биле освоени и Штип, Велес, Прилеп и Битола каде го оставиле да владее крал Марко како нивни вазал.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)