Но да се пренесе вселената, објективниот свет, една реалност што постои надвор од човекот да се пренесе во него самиот единствено со мистиката на самоспознатиот дух, а оваа реалност да биде сметана и понатаму како прост привид, како обично олицетворение на логичките категории и „идеи на апсолутниот дух“, значеше и да биде „укинат“ апсолутниот дух, да се пренесе во друга состојба, да се објасни „духот“ со појавата на материјата, а законите на дијалектиката — со законите на развитокот, настанувањето и условите за неговото познавање од страна на човекот.
„Значењето на Хегеловата филозофија“
од Кочо Рацин
(1939)
Не прилега вие да се дружите со секого и насекаде, зашто вие не сте како обичните созданија и безразложна твар.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Ги одбираше Тој зборовите, ги лачеше еден од друг, ги довикуваше од просторот од тишината и од вековите, од облеката и од празниците, од сите пештери и од сите жетви ги собираше, им се умилкуваше, ги галеше, им шептеше, ги средуваше во мали врзопчиња, ги подучуваше и им се подналутуваше, им зборуваше и им појаснуваше дека за сите нив има голем порив да ги разигра, да им открие поинакви и поинакви значења за да не талкаат расфрлани и неразбрани низ сечија свест и низ сечии копнежи.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Дали елиминацијата на опасните балкански турцизми, како што ги разбираше, ќе влијаеше врз воспитувањето на идните генерации, или тие ќе завршеа како обични јазични анахронизми кои луѓето ги напуштиле?
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Вака беше третиран како обичен инкасатор кој дошол да го види водомерот и да наплати вода, а притоа го затекнал домаќинот и домаќинката, онака разгаќени, неподготвени за неочекуваниот посетител.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Не беа како обични наставници што те водат на летување, туку како другари, повозрасни другари кои знаат што сакаат децата и знаат како тоа да им го овозможат.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Прекрасни петнаесет дена! Дома како дома: свој кревет, своја соба, сѐ на свое место, не попусто се вели, секаде е убаво, ама како дома- никаде. Најубаво е дома.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Таа сензибилна жена, пријателка од детството, доволно ме познаваше и најнеочекуваните мени да ги прифати како обични. – Да видиме што е! – едноставно рече, наметнувајќи го капутот.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
И мигум сети лозарот од Неготино како обичните луѓе стануваат обични смртници, обична бројка во списокот на умрените.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Можеби затоа не еднаш, и тоа последниве две години, обично ноќе, в кревет, пред да му се приближи сонот, тој ги претресуваше предностите, можностите, а и сите потешкотии што би можеле да произлезат од влегувањето во светот на привилегираните, па дури и како обичен статист, или поточно само како набљудувач.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)