Тие три збора во еден момент Круме Волнаровски ги продолжи во „така сакаше Шефот“ (или така можеби мене ми се причини), но веројатноста дека јас тоа навистина го слушнав беше голема затоа што често, во отсуство на цврст факт во кажувањето (си го толкувам тоа како професионална деформација) ние го спомнувавме Шефот непосредно слушнат во наложувањето на обврските, иако никој од нас не можеше да биде блиску до него, а уште помалку близок со него.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)