Ако јас целиот свет го разбирам како случаен настан, тогаш со помош на компјутер можам да создавам алтернативни светови кои што имаат исто толку оправдание - или исто толку малку оправдание - за стварноста, како што го има таканаречениот даден свет. Margina #26-28 [1995] | okno.mk 89
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Некои ненапишани песни
извесно време се по патничките торби
на пазар, за да се издвојат симболите од цените
меѓу нераскренатите здолништа
и мирисите кои исчезнуваат
меѓу каишите разлабавени како случајни желби
меѓу знаците за распознавање
заштитени со поединостите од сонот
според ноктите, грбот и забите
според нозете и легенот
го менуваат описот на младоста
и се подготвуваат еден ден
под којзнае кој агол
и облик
да се јават
:
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)