Камо да се стори! Значи, може, си мислат тие, и да не се стори. Ех, неверни Томовци!
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
- Што мирише овако, прашува Јоле, печени пиперки, велам јас, не мирише овако паприка, вели Јоле, може е клечитурај, велам, или може некој се преобува, од кое кафе да сварам, вели Велика, од најцрното, ѝ се одѕивам, камо да е така, ми враќа таа.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Дури на крајот станаа и изустија: Многу добро Симон, господ на помош, многу добро, камо да се стори! И заминаа.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Сега, кога ќе се сетам на тие момент, многу ми е жал што беше така, но си велам: „Камо да е жив, па, пак нека биде така, луѓето се караат, се мират, тоа е животот“.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Проклетство! Птици на небото. Камо да беа мршојадци.
„Курвите на ѓаволот“
од Елена Велјановска
(2013)
„Како не ќе сум знаел, светол бегу!“ „Ајде! Камо да видам?“
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)