лебот во водата и ќе го вртиме со устата за да можеш да го поттурниш со јазикот и одиме така - клан, клун, клан, клун, и душата си ја стегаме во носот, тука ти се дели од телото, тука ти се враќа назад, оти лепчето ти тежи ко плитар во мевот, а водата шмркни ја и измочај ја, во едно ќоше, наалкавме една цепнатинка во ќошето и - тука за да не смрди многу во вагонот, ама пак остануваше по нешто за да смрди, да те штипе за ноздринки и за очи и така преткаме ко глувци во сламата, се чешаме од болвите, ебати печалбата наша, ми жеже, вели Стеван Докуз, овдека вака, под гушата, и бара вода, ја тркала кофата, клоца низ вагонот, па ќе го удри некого, а ние ќе го фатиме Стевана в гуша, ќе се давиме, ќе го седнуваме,
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Од синови, снаи до зетовци, внуци бирократски лебарки се котат ко глувци за професионалци нема тука место швалерките стручни се во министерство
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
а надвор веќе почнуваат да паѓаат снегулки, ветрот само ги врти во воздухот, ги пушта и ги втасува, одново ги завраќа назад, си игра шукшуле, што се вели, ги развева како цут од дрвја што се кубат, кој ќе пушти глас, ќе го наполни морето, ни викаат и бродот застанува, а ние молчиме ко глувци во дупка, ги слушаме само чекорите озгора, одат над нас небаре на глава да ни газат, и бродот одново тргна, сега можете и да пеете, ни велат, кај се пеело пикнат в дупка, си велиме, отсекаде бучи клокоти, и гледаме надвор, снегот си навева и се топи, се губи во водата, ако запреме во Костанца, ќе нѐ водат во Букурешт, си велиме и приѕираме во ширината што ни ја затвора снегот, и Костанца ја изминуваме, нѐ водат право за СССР, не ни заспала среќата на сите, вели Апостол Макаровски, сите со нечија среќа се шверцуваме, вели, ќе му украдеме уште некој ден на господ, и почнува некој студ да ни влегува низ процепите од бродот што се отвора однадвор.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)