Најмладиот, шеснаесетгодишниот Лозан Перуника, момок кај кого и ќе стигнел, стоел зад својот подалечен роднина Онисифор Мечкојад кога рекол со детска исплашеност во грлото дека покојниот има во Кукулино синови и внучиња.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Челуста на неговата гладна утроба била отворена со исчекување, непрекинато ја голтал киселовината што надоаѓала од катниците.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Кога рекоа да ја отворат портата, кучињата однатре се вдадоа како на лиот.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)