Не, не сум мртов. За мртвиот секој прашува: кога умре, како умре, одошто? Не прашуваат само за оној што е на умирање.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Самиот долго верувал дека ги знае сите тајни на човечката историја и со таков глас цимолел нешто за вториот живот што Онисифоровото срце пребрзо зачукало, застанало за миг исплашено, пак почнало со удари да ги брои миговите на човековиот век.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Дедо му на мојот дедо го запалиле кога умрел и пепелта му ја закопале во четири дупки. Не се повампирил.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Мајката, да не умрев, си велам, ама кога умрев и кога ме закопаа, си велам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)