кога (прил.) - му (зам.)

– Животните, кога им се ближи смртта – рекол тогаш Чанга – ја бараат темнината. – Не ја знам причината – се сеќава татко ми на својот одговор – но човек кога му се ближи смртта, бара светлина, уште зрачец, небаре за да понесе светлина во темнината, во смртта! – Зошто ли е така? – бил упорен Чанга.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Татко ми, без да сака, го прекина кога му покажа една друга слика на која коза лулее детенце во колепка, крај мајката истоштена од куќните работи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Пере се помести на столицата, ја зеде чашата ракија, сѐ уште така полна како кога му ја ставив, ја заврти меѓу прстите, и пак ја остави на местото без да се напие.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Настинал ноќта кога му ја отпеавме молитвата на кметот. Добил воспаление на белите дробови.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ама какво ќе е тоа машко дете: топка да не игра, да не се испоти, да не се напие вода кога му се пие, да не се тепа со децата од другата зграда, никогаш да не заталка со другарите, никогаш да не направи никаква беља - и уште колку пати сѐ некакви - не... не... не...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
— Ујгун работа излезе! — рече Толе кога му го предложија ова.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ама гледај, да не а цапнеш некоа ни за в телци, ни за в говеда! — го предупредува Илија Толета, плашејќи се од неизделканоста негова и од бујната природа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Катето поцрвене кога му намниса за мажење, ама нели е женско и веќе во седумнаесет години, тоа знае дека така треба да биде.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Не го дочекав печатењето на весникот, како секогаш, кога му го носев на Татко, со моите објавени текстови.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Само во тие часови, кога му беше најтешко само тогај го земаше Јаким својот кавал и свиреше...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ете и самиот наш претседател никогаш не ги демантира новинарите кога му се обраќаат: „Вие сте, господине претседателе, доктор на науки, историчар, книжевник...“
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Дури и кога жената ќе изеде многу грав со него, или кога му е понизна или, како што велат овде, кога со неа минал низ оган и вода, дури и тогаш мажот е склон да го обземе лудило.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Кога му се приближи на половина метар, позиционирано некако отстрана, одеднаш и понатаму не тргајќи го погледот од него, како да се трудеше да има некој сервилен однос кон гостинот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Во неговата отровна, клеветничка уста, во таа одаја во која ме измачуваше со укори, мојата кроткост стануваше – слабост, мојата благоразумност – плашливост, а мојата отвореност (како кога му реков дека му недостигаат букви во писмото) стануваше – нескромност и дрскост.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Значи привремената власт немала начин да ги задоволи вакавите потреби за погребот па нему му заповедал Ѓурчин да се снаоѓа како што умее во врска со потребата.(Оваа наредба, со потписот на Ѓурчин, Ристе ја носи и сега во џебот).
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Она, дека лично другарот Ѓурчин го назначил за партизански столар при крајот на четриесет и четвртата кога му наредил да ги изработи оние ковчези за испотепаните кај Крупиште, бидејќи по главниот друм тогаш шетале германски тенкови што се враќале од Грција.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се споулавувал и не се покорил. Го одврзале од чаркот и кога му помагале да седне и да се смири доколку не сака да го потераат во сургун, повторувал дека ќе им се одмазди на џелатите и дека ќе му ја запали куќата на бегот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На воденичарската заедница во Кукулино ѝ преостанало или да ја наведне главата пред зулумот или со тврдоглавост да зачекори кон нови страдања: најумниот или најисплашениот од преостанатите мажи се откажал од воденичарскиот занает, најтврдоглавиот го потерале сувариите до најблиската река и го распнале на гнил чарк за наводнување на недалечните ниви, цел еден ден да се врти под надгледување на двојна стража, со секој миг пред неговите очи да се сменуваат матното небо и разбранетата земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Уште кога му дал збор и ќе го донесе. Не ти мисли тој тебе лошо!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Овој врел и мрачен гроб среде пустината или она што секако треба да е минатост, минатост што така дрско продира во него и го напушта тогаш кога му е најпотребна.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И, депилацијата е задолжителна, фарбањето на белата коса со евтина фарба, која по едно миење добива портокалов сјај како од к'на, па кога му велиш: „ептен ружно изгледаш и ти се познава“, те гледа и враќа: „Само дење, ноќе е другачие!“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Со него заедно плачеше и мајка му и не знаеше што да му направи; му даваше насила да цица, но тој ја отфрлаше брадавицата од устата, ја стегаше устата кога му даваа со сила лајче со чај од тревки; му врзуваа амајлии против урок, нагаза, нави, шенци, клиње, не знаејќи од што му иде лошината; му облекуваа кошулче од немо дете, му ставаа камче во лелејката од пресушена река или поток за да му пресуши плачот; го шетаа од раце на раце тропајќи во тенеќе или бутин за да го ошеметат, но ништо не помагаше.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Сепак вујко ми Иле, добриот вујко Иле, кога тргнав, на разделба, кога му подадов рака за да се поздравиме, се колнам, ја остави вилата, го вадеше гнојот од шталата, си ги позабриша рацете од колената и пазувите, ме прегрна толку силно што чинев сите коски ќе ми испукаат.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Скот да бидам, јас едно време и богу и пред луѓето најлудо се молев, и денеска тоа го правам, - кога му се суди на еден човек колку е тоа можно слепо да не се гледа само на еден дел од неговиот живот, за што можеби тој самиот не сноси никаква вина.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сега, кога му се чинеше дека некому одамна умрен му го открива својот бог, оставаше да го лазат спомени и се мачеше да не шибне како дожд во својата исповед, како понекогаш кога ќе беше сам и згрчен во некоја бескрајна и болна тишина.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Кога му се сипуваа ракија на здробената шепа, воздивнуваа пучно: „Не пиеше, а господ сепак те заборави.“ Крвта се разводенуваше од лутата течност, капеше низ мртвите прсти и си го копаше сопствениот гроб во сувата земја.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Кога му се доближи, тој забележа дека десната рака ѝ е во јамка закачена околу вратот, што не се забележуваше од далеку затоа што беше во иста боја како и нејзината униформа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сега разбра што мислел О'Брајан кога му рече да се погледне и од профил. Кривината на 'рбетот беше вчудовидувачка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога му кажа дека не може да дојде, имаше чувство како да е измамен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тука го препозна Трајка дека тој го удри по глава кога му влегоа во конакот да ја спасуваат Анѓа и уште толку го зацврсти решението него да го осуди на смрт и со тоа да се одмазди за сето она што му го направија Мариовците за овие дваесет и седум години борба. – Што велиш сега, Анѓо?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кога му дојде мисла оти покрај жена може да го обрадува и со некое детенце, за малку што не рипна од постелата да го зграби дедот Петка и да летне, да ја земе Доста и да се најде дома каде ќе го гледа тоа дете, ќе го хране и подига, ќе биде и тој татко како сите среќни луѓе, ќе се радува на тој негов створ и ќе умре на неговите раце.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И кога му соопшти говедарот на дедот Стале, тој си ја зеде патарицата, која беше симбол на неговиот егуменски положај, и му отиде во црквата пред иконата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога му беше тешко среде книгите и не го наоѓаше саканиот излез, тој излегуваше на чардакот и ја бараше реката како патоказ на судбината.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Кога му ја виде Божин ногата, на чудо беше станал тој и сите селани; арно ама пак нејќеле да го поверуваат оти бил штрк.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Татко му, некој сапунџија, имал фабрика за сапун, го пратил во Париз за да учи за лекар, ама кога му кажале оти син му по дипломирањето отишол во Шпанија, се откажал од него преку весник. Пезевенк човек. Пфу!
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Кога му заврши шурката, Лабро се искашла и плукна со гнасна плунка и пцовка, велејќи: - Господ да даде никогаш под нашето небо оваа крпа да не се вее! - тој се сврте кон ѕидот, напучи газ и гласно прдна.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тој ден игравме шах; отидовме во самопослуга да ми купи сладолед; ни пресече студена лубеница по ручекот; ни скина грозје од лозницата над терасата; ми вети дека ќе ми ја залепи гумата од велосипедот; го капевме кучето Синга во пластично легенче, а тетка Јорданка (жената со која живее, а за која јас често го прашувам дали може да се рече дека му е девојка) го триеше со шампон; ми предложи да одам заедно со нив десет дена во Охрид пред да ми почне наставата во училиштето; се радуваше кога му раскажав дека во Тиват ме избрале за втор придружник на Мистер на летувалиштето; ми честиташе што сум бил победник во натпреварот по пливање...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Овчар бил. Еден ден, кога му дошол редот, другарите ги скорнале овците, а тој останал на бачило да го премести трлото, да ги измие каците, да ги испере цедилата и да стори сѐ што требало за да можат вечерата, кога ќе ги измолзат овците, да го спастрат млекото.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Сите, најмногу го почитувавме Борис Сарафов за оној гест што тој го стори пред конгресот на Врховниот комитет, кога му побараа отчет и тој не можеше да даде таков за сумата дадена на гемиџиите и, за да не пропадне делото ако тој ја каже вистината и неа ја разбере турската влада, Борис Сарафов го понижи своето достоинство и авторитет и изјави: „Таа сума ми беше дигната од една лесна жена, со која имав интимни врски“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Истрча во градината, се скри меѓу рибизлите и почна да размислува: млекото на неговото братче се згорче кога тој се налути дека не му го дадоа нему да го испие; забот на дедо му испадна кога за нешто му се караше, а Димче гледаше токму во тој заб и посака да му испадне; јазикот на мајка му се заврза кога тој утрово си помисли: „Да ти се заврзе јазикот!“ бабата си го поткаса јазикот кога му се караше...
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)