Таман Коте го палеше лулето со едно гламче извадено од огништето кога некој засенчи на прозорецот.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Зборовите се извадени заби. Кога некој ќе ги соопшти некоја целина, всушност тој ти дава одредена количина заби што си ги извадил од сопствените жлебини.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Но кога некој ти одбројува од шеесет на семафор мора да бидеш концентриран, една стотинка одложување при поаѓањето може да те кошта колективна клетва. 33, 32... вратата на Мерцедесот се отвори и возачот излезе.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Чувствувам искреност или извештаченост и лицемерие. Знам кога некој мисли лошо за мене или кога некој се чувствува лошо во себе.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Обожувам кога некој сака да ми ги замачка очите со својата лажна самодоверба.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
А јас млада, па убава, во туѓа земја, а од турски знам само да кажам „Бир тане туркиш кафе шеќерли... беш тане шеќер“ и да се насмеам како глупача кога некој, мислејќи дека зборувам турски, пријателски ќе се расприкаже на долго и на широко.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Невидлив меч му го пресече телото, како кога ќе видеше на огласната табла на факултет дека не го положил испитот или како кога некоја девојка која му се допаѓаше ќе поминеше покрај него гушната со некој дечко.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Кожата му се наежи, како кога некое другарче како дел од детската игра ќе почнеше да стружи стрипор од ќошот на бетонскиот ѕид на зградата каде што живееше.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
„А кога некој не верува дека морето се отворило, а верува дека само Бог може да го отвори морето, дали тоа значи дека не верува во Бога, или не верува во човека?“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Дома фрижидерот беше полн со разни јадења и кока-коли, каков што е само кога некој од нас се враќа од пат, кој било, само не мајка ми. Тогаш е најпразен.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
На татко ми не му текнува да го наполни за да ја изненади, а нејзе да: и тоа со храна што тој најмногу ја сака.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Тој ја напушти стражарницата и му се врати на езерото без кое не можеше: ги оптегнуваше мрежите на диреците крај куќата, ги чистеше од тревје и алги, шеташе со прстите по нив како по жици од харфа потпевнувајќи си; кога ќе му дојдеше дремката, легнуваше на песокта крај езерото, и додека тоа тивко, како некое жужаленче жужаше на песокта, тој тонеше во длабок сон; спиеше сѐ додека на зајдисонце не му затропаше добитокот што идеше од пасење и навраќаше да се напие вода; а кога ќе легнеше поднапиен, тогаш ни тапани не го будеа; стануваше кога некој од домашните ќе го растресеше.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Во пазарните утра, кога некој селанец ќе му се обратеше некому со прашање кај може да купи лек за своето болно дете, тој го испраќаше на сосем друга страна, кон оној крај што нема аптеки а отаде друг еснаф го испраќаше кон стариот град што се давеше во штавени кожи и лој.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Одев замислен по разговорот со Ана кога некој зад мене свирна.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Како глувче во фак. Лежам и како насон, кога некој ме брка, не можам да бегам; се мачам и го чувствувам чукањето на срцето дури и во коските.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Кога некое од поголемките школници ќе се понудеше да ѝ помогне, таа само одмавнуваше со раката.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Дончо само насетуваше што значи зборот милување, нешто што кога по твојата глава поминува раката на твојата мајка или кога Митра те бакнува по образот или кога некоја тетка што не ти е мајка ќе те стисне во прегратка а тебе ти доаѓа да ѝ ги разголиш цицките и да почниш да смукаш!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
На Зоки му е радост кога некој се смее, но тој нејќе нему да му се смеат.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Најпосле, кога некој некого не познава, може секако да си го замисли, ќе речете. Така си е.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
А кога некој владее, тој и угнетува, за да се одржи како владетел.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Како сега мажите, како некогаш - во матријархатот - жените.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Кога некој толку многу свири гитара како мене, сигурно прстот му е подмачкан за да може лесно да го повлече чкрапалото, нели чичко Бен?“
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Нема што повеќе да се каже од тоа, освен дека насловот на приказната е погрешен.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)