кога (прил.) - тие (зам.)

И со подбишеги: ’Беш ми мајку, мажи Поречани, сите со гајќи помочани!
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Додека српските четници акаа низ селата, комитите им одеа постапница неодавајќи им се, а кога тие сами влегоа во клопка во куќата Акиноска, комитите фатија пусија и чекаа да излезат однатре, а кога тие излегоа, ги дочекаа со Горе рацете.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И кога тие се свртиле да си одат и кога стигнале до вратата, повторно ги викнал да се вратат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сѐ уште не му згасна прашањето кога тие толку брзо успеаја да стигнат во седиштето во Преспа?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Патрицијот имаше пријатели низ целото царство, и надвор од него – во Новгород, Стефан и Зосима ѓаконот, во Венеција браќата Винченцо и Паоло Пеголоти, чие гостопримство обилно им го возвраќаше кога тие го посетуваа во неговиот дом.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Од сите страни на паркот стари згради со иста висина што зборуваше дека во добата кога тие биле изградени архитектите си ја завршиле својата работа без ниедна грешка.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
И Симон е тип на интелектуалец кој оптира со политиката иако декларативно стреми кон универзалното Добро, но и човек за кого не е сосема извесно дали е способен да го почувствува и страдањето на поединецот, дали неговата хуманост и емпатија се наоѓаат само во зборовите, во интелектуалниот порив, но не и во срцето, и дали затоа во оној момент кога тие преминуваат во дела, доживуваат крах.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но младите сопруги и сопрузи, чии газиња кога тие се раѓале доктор Станеф ги плеснал за првиот плач, сега доаѓаа кај него како пациенти, исто како што порано правеше претходната генерација.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Како што тргнала работата, не ни останува ништо друго освен да го чекаме мигот кога тие, од некоја цврсто стокмена сцена, ќе лиферуваат лозунг: „На Македонците им е доста од седумтте уметности, сега ќе треба да се свртат кон онаа што ја прават политичките партии.“
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Кога мислат дека е нивниот ден, а всушност е само најнервозниот во животот во кој ќе се избакнат по 7 пати со истите луѓе - кога ќе дојдат, кога ќе речат „ДА“, па уште еднаш кога ќе речат „ДА“ во црквата, па кога ќе се фотографираат, па кога ќе им го предаваат пликот, а тие под прстите, од дебелината веќе знаат колку им се блиски или далечни, па кога ќе се разигра невестата и кога тие истите, од многу мерак дека ептен добро играла, ќе ја зашлапаат по трипати по образите и по шминката која дебело си ја платила... сѐ до бакнувањето заради тортата и бонбончињата!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Таа ги потиснуваше овие сомнабулни очи со тешкиот парфем на своите вознемирени гради, го гасеше бунилото на овие усни што така силно ги сакаше кога тие палеа на нејзиното голо рамо жерави на слатка мака.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во поглед на мерките кои би требало да се преземат, сметале дека е потребно да се имаат предвид „алтернативни политики“, преку кои на Британците им се отворала можност предметот да го прифатат секогаш до онаа граница кога тие не би смееле да покажат дека заканата кон нивните интереси била преголема и од тие причини предвреме да не се придржуваат кон мерките што би можеле да го забрзаат директниот конфликт со Советската влада.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во рамките на овие „алтернативни политики“ се предвидувало: „А) Отфрлање на нашата поддршка на комунистичките движења во југоисточна Европа и да создадеме поумерени елементи.“
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Пред тоа молчевме. Веројатно болката беше премногу присутна.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
За да каже дека: кога ги силуваа руските жени, тие паганите ги гледаа во очи и не испуштаа глас, а кога им ги стрелаа синовите ги гризеа усните, а главите им беа кренати високо... и пак се тресеше земјата кога тие газеа!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Освен површините со пиперки и домати, имаше други со бланучки опојно миризливи и благи, а кога тие завршуваа се појавуваа јаболкца петровки што го немаа вкусот на бланучките, додека ѕарѕалините онака убаво пожолтени и со темни дамки од сончевата страна имаа уште поубав вкус и од бланучките, па сѐ до црешите, праските, грозјето.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Кога тие ја сфатија деликатноста на прашањето, се покажа дека сум ги поставил пред необично тешка задача што ги заинтересира.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Кога низ Гнездо ќе се раширеа пеколните крикови, кога тие крикови се хранеа едни со други, се бодреа, се потсилуваа, мене ми се чинеше дека сме фрлени во некаков непознат, страотен свет, во кој сепак сме заштитени со ѕидовите на нашата соба; понекогаш, кога низ Гнездо ќе се раширеа пеколните крикови, кога тие крикови се хранеа едни со други, се бодреа, се потсилуваа, Клара кажуваше: “Оваа наша соба е како матка.” .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Доктор Гете секоја прва сабота во месецот ни држеше предавања во големата сала на Гнездо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Зимата е време кога тие мируваат, односно, се подготвуваат за пролетна вегетација и цветање.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)