Во „Ливчињата“, под ознаката : Вечер, 21 октомври, Ѓошо Савев со скудни но бирани зборови има констатирано дека работите се одвиваат во позитивна насока; дека Мис Стон има сѐ поповолни сознанија за Револуционерната организација и за борбата на народот на Македонија за слобода, и дека не е далечен часот кога нејзиниот страв и отпор ќе прерасне во длабоко разбирање и љубов, независно од нејзината оценка дека грабнувањето го смета за несоответно и нехумано.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Доста ја вложуваше сета сила и умеење што поарно да ги „исправи на нозе“ и со голема нетрпеливост чекаше да дојде и оној ден кога нејзините мечтаења ќе се збиднат, кога ќе ја види Нешка мома, Толето ерген и уште понатаму — Нешка невеста, а Толето зет крај млада невеста.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)