— Кој? Јас вам ќе ви земам појќе од колку што чини. Аир да не стори госпо.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ја израмни од едната страна отсечувајќи ја колку што може на крајот, ја посла на душемето, зеде едно парче за урнек од исечените и со него почна да мери и со ножот да бележи каде ќе ја расечува.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Се сети на татко си и на мајка си. (Умреа и обајцата кога тој сè уште беше скромен помошник на надзорникот на царските штали и тој дозволи да им се обградат гробовите со камен и да им се подигнат надгробни нишани).
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Но, од оние зимски месеци, кога меѓу животот и смртта и меѓу славата и пропаста немаше растојание ниту колку што е сечилото од ножот, во победникот- везир остана нешто стивнато и замислено.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)