Тој паднал настрана и почнал да крвави на чаршафите додека девојката го плескала по лицето за да се разбуди.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Пушам читајќи ги овие графити, замислувајќи си како изгледа Дуле со крваво око, Марко со фластер на увото и Мери со завој на носот.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Неговите усни и заби ми се убави и суви, и со храна меѓу нив, и со дамки од никотин, и му ги бакнувам и јас таква, иста како него.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Размислувам дали би изгледала посмешно со крваво око, но решавам да бидам врвна во својата мизерија и да прогласам дека повреда на носот е најлоша, бидејќи е централна.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)