Ја мачеше само помислата дека пропуштила нешто во приказните за првите бакнежи, или дека, не дај боже, нешто ѝ фали, па никогаш нема да може да ужива во бакнувањето, во тоа грозно, агресивно и лигаво пикање на јазикот во нечија туѓа уста.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)