лично (прил.) - ги (зам.)

Барем триесетина луѓе што Винстон лично ги познаваше, не сметајќи ги неговите родители, беа исчезнале во една или во друга прилика.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во текот на судскиот процес Ангелеска немаше адвокат и самата ја имаше напишано тужбата, односно лично ги преземаше парничните дејствија пред судот3 во текот на процесот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На директорот му беше сеедно за иницираниот спор против претпријатието и тој делуваше како воопшто не е засегнат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Цироните баба ми лично ги приготви со киселина и со солпипер.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
104. Бидејќи во тоа време Мисирков беше претседател на ТМОК во С.Петербург и непосредно кореспондираше и со ВМОК во Софија и со ЦК на ТМОРО во Солун, тој лично ги знаеше тие односи што подоцна имаше можност и на самиот терен да ги почувствува.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Лично ги имав видено.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Извесно време по нивното ослободување Винстон лично ги виде сите тројца во кафеаната „ Кај костенот“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Татко ти тврдеше оти многумина од неговите пријатели лично ги видел како плачат потопени до брадите во вода.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)