Имено, во Потковицата отсекогаш се знаеше дека стопаните на Имотот, Акиноските, водат тевтер и дека во него, покрај својата историја, Акиноската, запишуваат и сè друго што се случуваше тука, во Потковицата, и во двата најблиски града, во Прилеп и Битола - ако беше во врска со Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Во тевтерот Акиноски така било запишано, ти одговара и брзо додава: Јас лично него не сум го видел но за многу други работи, кои биле таму запишани, сам можам да посведочам.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)