лично (прил.) - нему (зам.)

Повеќе пати пред да бидат исклани стопаните на Имотот, Арслан бег, лично нему, на татка си, му докажуваше дека султаните не прават добро што толкав имот отстапуваат на христијани, дека, по правидна, Имотот треба да биде негов, Арслан бегов, зашто тој со крв го заслужил.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Па, ете, и сокот на убавината што му припаѓа лично нему, на негово задоволство, му го подарува на идното човештво.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Си помислија дека таму, во затворот му се случило нешто на Ѓорета, штом Атанас толку силно го плачеше, или дека му се случило нешто, лошо, на некого од Ѓоревите тука, во Поктовицата, или, пак, дека нешто лошо му се случило лично нему, на Атанаса.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А кога стигнаа во дворот, на прагот на куќата нивна, ги најдоа мајка му Илинка, браќата и деда му Блажета, тихи и скукалени.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)