лично (прил.) - јас (зам.)

Лично јас сум организаторот! Ако го барате него - овде сум!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Инаку лично јас, во врска со гревот, одамна го имам прифатено објаснувањето што ми го даде, уште во српско, и тоа без секаква надокнада, писарот на нашата општина, (она, дека гревот е измислица на итрите луѓе).
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Паметам кога ми рече: „Објавувајќи го гревот за божји закон, итрите и имашливите настојуваат да се заштитат од лакомоста на својот ближен“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Јас сум сите алки од тој синџир што ви тропоти по умот!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Така ти рече срцето. А јас тоа го чув. Лично јас.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)