На буљукбашијата му го даде писмото лично за султанот и колоната тргна водена од шест души сејмени, заградени од по десет од страните и шест одзади.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
На заминување претседателот цврсто ми ја стегна раката и ме замоли да му ги испорачам срдечните поздрави на претседателот Лазар Мојсов и големата благодарност од тунискиот народ и од него лично за укажаната доверба.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ги играат главните улоги во операта „Царица“ компонирана од Трентини лично за неа.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)