Можеби памтењето намерно ме лаже
не е исто да се доживее и да се раскаже
можеби сонот е фатаморгана
и сонувачот
можеби оние кои ме повикаа
морето да им го вратам
барем со збор
и не се веќе риби
можеби се реслови
од некој дамна свршен лов
или од оргијата која претстои
меѓу морските широчини на
овој од себе заведен свет
како и да е
јас и понатаму
времето го мерам со сонот
нив ги препознавам
во нешто сосем лично
и се одвикнувам од животот.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Минатата недела кај мене во дуќан дојде секретарот на Г- н Грекусис, да ме повика во конзулатот, бидејќи конзулот сакал да ме види лично и персонално.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Шупливиот дел од дрвената нога го полнев со хулахопки и другите работи и право во Брно, каде лично и своерачно им ги облекував на милите студентки од земјите на социјализмот.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Трагичното се состои во прилогот
што го пружаме лично и свесно
кон несреќата, наша и на другите
особено љубените
Господине, но
смртта има своја предисторија
и може да се посматра во развој:
рано во детството се огласува
во лажните утехи за починот на блиските
во ветувањето дека се отсутни само привремено
и дека ќе се вратат
- тогаш зборот враќање
ги почнува своите преобразби -
во криењето, небаре од урок
на ожолтениот портрет на покојникот
оти и памтењето е враќање
безгласно како самрак;
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)