лошо (прил.) - да (сврз.)

— А ти побратиме — му се обрна на дедот Карабуклија, — не правиш лошо да направиш еден туриборави.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- О, бре, пусти Петре, лошо да немаш, - подрече баба ми.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Мајкиното срце почна да се стега од страв - нешто лошо да не ѝ се случило на нејзината мала ќеркичка.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Сепак Едо излезе од канцеларијата колку задоволен толку и исплашен; внимателно ја тргна вратата зад себе и, поминувајќи покрај чуварот, му промрморе едно „Пријатно“ и веднаш потоа го штрекна мислата да не би случајно лошо да го повредил директорот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Не ќе беше лошо да појдиш до кај бакало една франџула да купиш оти леб немаме, тато ќе нѐ отепа!“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
И на лошо да излезе, пак ќе го направи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Да го обесиш со нозене угоре пет пари скршени не ќе паднат од џеповине негови. (благо) Еве, на пример, што би било лошо да можеме да ја нагласиме работата да ја земе Никола Стефанов?
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ех, душа пуста, нејќе за лошо да помисли.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Не би било лошо да ја пробаме таа домашна ракија која толку ја рекламирате.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Влатко ме тресеше од правта. „Не ќе може вака“, рече Дејко, “да го однесеме до амбулантата.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Гледаш, не требаше олку лошо да се тепате!“ се осмели да му пререче на Љупчо.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
За ништо на светот не сакаше нешто лошо да му се случи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)