Меѓутоа, Англичаните отсекогаш биле сметани за наративни сликари, што во европски контекст беше сфаќано како лошо и понижувачко. Тоа јас го оспорувам.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Ако е сама, и таа ќе копнее, не како него, лошо и налудничаво, зашто тој старее а таа има седумнаесет години, ќе копнее убаво и жаловито како
ластовица, и не за некого, зашто нема приличен пред нејзината младост, а така сама од себе дека е толку чудно убава.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Тој беше пресреќен, а јас слатко се најадов.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Продолживме по патот, а по неколку часа почна толку да ми станува лошо и глава да ме боли, што не можев да одам.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
15. АРЕН МУ Е ЗБОРОТ, НО ТИКВЕН МУ Е ГРОШОТ - зборот тој не го рече, а грошови ко дожд врнат, па затоа и поизмеша што е добро, а што лошо и што беше лага бела, а што е, пак, вистина црна...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Но кога пропеале трети петли и ко почнало да се разденува а Бошета уште го немало да се врати, стрико Никола сиот се вомјазил да не му се сторило ништо лошо и заедно со стрина Николица и со Атанаса ги разбудиле сите домашни и сите зедно, со запалени вивки и гламни, истрчале на срецело и надале гласови, троа навистински троа од навал, за сите да чујат каква нова несреќа ги снашла и да тргнат да го бараат Бошета.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)