Се зарадував што над нив, лета пердувеста и синкава фигура на ангел со гулабови крилја и со мазно лице слично на ќерка му на даночниот инспектор заради која коњичкиот капетан, женски подвижен во полните колкови, минеше двапати дневно низ улицата.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Издолженото, мазно лице со правилни црти на средовечен маж гледа во нас со малку замаглен поглед.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Дебелата слугинка на инспекторот, будалеста девојка со мазно лице без веѓи и со лице на црвено јаболко, му беше „во раце“ како што говореше.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
А зошто би се бричел кога немаше одамна кој да го милува и бакнува тоа мазно лице.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Викни го селскиот бербер да го избричи, пови го в пелени и намести го во дрвена лулка, и, ете, пред тебе е детуле со мазно лице.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Повеќе строен од висок, со мазно лице без насмевка и права коса над челото, како кај основците што ги спастриле мајките за на училиште пред да се разбушават на улица.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)