Та само прстење педест или сто се малку за една свадба. Што ќе ги дарува невестата другачки си, ако не еден прстен?
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ја турна на кај огништето и уште малку за големо чудо ќе ја фрлеше во оганот; ја бапна во пепелта и се загна да си го милува Толето, кое веќе врескаше до зајдување.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Како што гледате, господине министер-претседателе, – продолжува Спространов – ваквите идеи што веќе нашироко се прифаќаат од македонското население, не се ни малку за потценување за да не им се посвети високо внимание.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Но покрај вашите сопствени дела ќе имате многу малку за признавање.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Потребно е само малку за тасовите на вагата на оваа двојност да натежнат на едната или на другата страна и, во суштина, просторот меѓу оние како Јуда и оние како Лидија е многу мал.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
На почетната страница од нивниот сајт напишано е: Се надеваме дека до сега не сме ве разочарале, и дека повторно во некоја песна, некој стих, некое зборче или пак тон, ќе пронајдете дел од себе, дел од вашиот живот, затоа што светот во кој што живееме, малку е убав, малку за нигде, ама единствен кој што го познаваме.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
И мене не ми се враќаше од летување, а сепак одвреме-навреме се разжалостував и ми недостигаа моите.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Претера! Како не му е жал малку за нас!
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Без дете си малку за целото презиме, што се вели, не си втасуваш самата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Или нешто криеш? - го дополни своето веќе изречено прашање Даскалов.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Сега тој стоеше негде над мене, или поблизу!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- Зарем не сфати дека знам сосема малку за незгодата што го снајде Иван?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А за неговите изгледи не знам речиси ништо.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А можеби неговиот поглед се беше нафатил да измери уште колку чекори му претстојат до нашата куќа.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Тој веројатно само утврдуваше каде се наоѓа; или ја проверуваше точноста на оценката што ја дал пред малку за мојата местоположба?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- Па за оној кај кого се парите, пред малку за него зборуваше со „Амбасадорите“, - му спомнав јас.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Размисли малку за ова... Размисли и за твоите постапки и однесувања со другите деца во одделението.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
АЈДЕ, ДОБРИ МОИ, да позборуваме малку за воздушните пушки.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)