Дополнителен отежнувачки фактор за едно невработено лице да ги земе паричните средства што му следуваат со добивањето право на паричен надоместок е воведувањето на можноста времето на примање на паричниот надоместок да се скрати ако врз основа на авторски договор, вршење на занаетчиски и други работи или на некој друг начин се здобива со приход, кој месечно не е поголем од 80% од просечната месечна нето плата по работник во стопанството (чл. 79, ЗВОСН).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
А колку е очајна состојбата на ова поле покажува и податокот дека дури половина од вработените месечно не заработуваат за да ја наполнат т.н. „потрошувачка кошничка“ – за која, според статистиката, се потребни 12.200 ден.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Имено, таа од 1997 година престанува да се води при секое засновање работен однос (наместо претходната одредба која пропишуваше вработување на неопределено време со полно работно време), при потполно губење на работната способност (наместо претходно непрецизираното губење на работна способност), при нејавување на покана од Заводот од неоправдани причини (во 1987 година условот беше двапати едно по друго да не се јави на покана да учествува на конкурс или оглас за вработување, без да извести за причините за тоа нејавување) и при започнување со земјоделска, сточарска или друга дејност од која се остварува приход во семејството кој просечно месечно не е понизок од просечната плата по работник во стопанството (наместо претходната одредба која бараше земјоделството да биде единствено или основно занимање на даден поединец за тој да биде избришан од евиденцијата).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)