Тоа се композиции во кои се користи техниката на бесконечна лента во различни видови организација.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Врв во Кејџовата театарска работа претставуваат делата со ненасожена, меѓусебно проникната многукатност, какви се: Театарски чин(1960), HPSCHD (1967), Мјузикциркус (1967) и 33 1/3 (1969).
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Уште послободна форма на наслојување, слична на хепенингот, претставува изведбата на Концерт за клавир и оркестар (1958) кој и самиот е резултат на наслојувањето на 14 незадолжителни делници, а може да се изведува во комбинација со делата од различни периоди на творење (првото изведување на Концертот опфаќаше делници со клавир и диригент, со Дејвид Тјудор и Марс Канингем) - Соло за глас (1958-60), Книга песни (1970), Фонтана микс (1958), Роцарт микс (1965).
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)