Ги учат како се впиваат езерски бранови во палавите очиња за да не замижуваат, кога ќе пораснат, на секоја секавица.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
В сон мигум ги спружи двете раце - небаре бара закрила.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Мигум ги снема и војниците и полицајците со пушките со бајонетите и калашниковите.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Татко, мигум ги издвојуваше најважните предмети кои можеа да се решат во полза на загрозените клиенти, а преостанатите ги оставаше за други времиња.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Не мина ни час. Просторот се ослободи од военото и полициско присуство, од транспортерите, тешкото наоружување. Како да не случило ништо.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ако од некаде се појави јато галеби мигум ги тргаат настрана чадорчињата од количките за бистрооките да го разберат разлетаниот крик на гладта.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)