Поткрени, мило чедо, шапчето да ти видам ѕвездата што бев ти ја видела коа се роди.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
- Лели кажав, мили ми тате, понапред оти на сон сум си го гледала и со виделината на ѕвездата негоа сум си светела во темната зандана; да од тоа, тате, си го познав одеднаш.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
— Сак'н, мило чедо, не излевај да не си а земиш бељата, — беше првиот збор на секоја мајка и свекрва што имаа млади ќерки или снаи.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
- Си сакала, мила Ѕвездо - да го чекаш и пречекаш - зашто многу го заљуби - ама љубов била клета - душичето не додржа - душичето ти препукна... како да те прежалиме?... си ни била единствена - да плачеме да тажиме - да се чуе до небото - мило чедо, мила Ѕвездо, сјајна Ѕвездо Разделино, - што ти било наречено - трета вечер написано!...
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
За некое миење, преслекување и перење, ни збор не можеше да стане: жените станаа чуми, мажите — вампири, дивјаци.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)