мирно (прил.) - да (сврз.)

Дали ние сето тоа можеме и смееме мирно да го поднесуваме?
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тој војвода им порачуваше на пашите: Мирно да мируваат и зулум1) да не чинат...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Мирно да си спиеме без страв дека некој клечи под прозорецот или наслушкува со увото залепено за порта.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- „Се прашувам како и сите други во кои останала малку човечност, добрина моралност, должност, како светот може мирно да спие по сето ова што му се случува?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Две идентични возвишенија со падина во средината го чекаа вистинскиот да залегне и мирно да затвори очи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не можам мирно да спијам. Ме тормози некој или нешто.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Брзаше да нурне во себе и необеспокојуван од никого, мирно да ја загледува оваа интересна збирштина.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Не сфаќаше како може тој, другиот, мирно да ги врати фотографиите в џеб и без збунета насмевка од прекорот да гледа во бледото море над себе.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Не би можела таму мирно да спијам“, ми се жалеше кога ми покажа каде сака да биде погребана.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мирно да се чека разврската на судбината.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не може да се рече дека совеста воопшто не го гризеше, но откако сфати дека наутро може мирно да спие, да јаде каде сака, што сака, врз каков сака чаршаф и да носи каква било кошула, тежината во градите му исчезна и престана да слуша Бетовен кога одеше на работа.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Мони ме погледна пред да ги зарие забите во растопениот еурокрем размачкан врз лебот и како и секогаш, ми рече: - Сакаш? Нејќеш, - и почна мирно да си јаде.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Секојпат кога ќе купеше сладолед, смоки или чипс истото ми го правеше: Сакаш? Нејќеш.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Баба ми чека да се јавам по пет минути, исто така.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Слатката детска насмевка, ги потиснува сите темни дамки, сите мигови што носат чувство на немир, во крошната ја оставам нејзината прегратка, за мирно да спие, со слатки сништа, чедо мое...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Сакаше Ластовицата мирно да ја преспие ноќта на неговиот брод, никој да не ја вознемирува.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)