Секако, бев многу лута на таа негова постапка.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Ги повторуваше како во огледало неговите гримаси („ова е кога зеваш, ова е кога се чудиш, а ова е кога си многу лут“), а тој слатко се смееше гледајќи во нејзиното полничко, речиси детско лице.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Ако молчи и е многу лут, ама не сака да признае, затоа што го тргнала од пред телевизор баш додека траеле квалификациите на авто-трки, па само кима со главата и ми ја подава картичката за секој фустан што таа го пробува, тоа значи „пакувај!“
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Веројатно брат ми Коле го видел нашиот момок Васе како ми носи писмо од тебе, го зел да го прочита и му го дал на тато. Татко ми е многу, многу лут.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
- Е, сега претеравте – згрме страшно со тој нејзин глас од кој, кога е навистина многу лута, коските ми се стресуваат.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Престанете и двајцата и кажете ми веќе еднаш што се случило!
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Многу биле лоши, разлавални; татко и мајка ич не ризале, многу ги огорчувале, и зер татко им бил многу лут, така и мајка им, та беа ги колнале многупати, ете зер ѓавол натемаго беше се погодил, чедо, некој лош саат, кога ги колнала мајка им вака: „Синко Сиве и ти ќерко Чуле!
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Те паметам, благословена, како не би те запаметила? Тука, на истово место клекна пред мене и ми упати многу лути зборови пред да побараш прошка!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Мајка ѝ на Соња беше многу лута. Ѝ се закануваше дека дома ќе се разберат; божем ја срамела пред сите и се такви некакви чудни зборови слушав.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)