Единствено бабата Перса, која многу и не ги разбираше разговорите на мајките, сфаќаше што прави песот и по малку како да му завидуваше за толкавата љубов и заштита кон девојчето, но во исто време беше и задоволна, знаејќи дека Дончо никогаш не ќе може докрај да си ја покаже силата пред неа.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Вистина, ете; кој зборува многу и ќе греши! И јас така!
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
А уво што бери многу и многу боли, ни рече. Испрепатило чупалето.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ама, многу и сум заборавила.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Поначесто ми се доблжуваа, наслушуваа, но никако да ја одгатнат причината за мојата среќа. Од тоа, се чини многу и страдаа.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)