Многупати на човека му се чини дека слегува удолу, а всушност тој се искачува, се подвигува. Така и ние, сега“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Како и многупати на ова речиси безизлезно надреалистичко патување во родната земја, кога барабанската реторика на моите водичи ме исклучуваше со мислите, за среќа, во свеста, повторно ми се отвораше вратата на сеќавањето на семејниот дом, на Мајка и на Татко, со сите во семејството.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Многупати на анџијата ќе му истуреа цела вреќа стока само за неколку кила ракија и вино. А и зошто да не? Таа не беше со пот заработена и со крвава мака спечалена.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)