- И двајцата тежини тешки носиме - еден од друг молчешкум ги криеме... * * * * * * * * * * * * * * Седнати врз камената плоча пред влезот од пештерата - бигорна гушнати молчат.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Молчешкум ги слушав не разбирајќи ги докрај тие бескрајни разговори за ликовите од албумите, кои бликнуваа во собата исполнета со чад, напати низ радосните, ведри тонови и живите раскажувачки надвикувања, понекогаш скриени во нечујните шепотливи коментари и придушениот кикот или тргнати од ненадејната гласна смеа на присутните, а потоа, другпат, лебдејќи во дневната соба, во успорените кажувања полни со паузи, со завладеани тишини и говори со стегнато грло.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)