Помеѓу Леонардо и Duchamp има многу интересни допирни точки: обајцата се синови на бележници; бројот на сочуваните дела и на едниот и на другиот е мошне мал; главните дела се оставени недовршени; обајцата беа мошне заинтересирани за анаграми и игри со зборови; Леонардовите научни игри (како и неговиот интерес за пишување со помош на огледало и интересот за сенките) добиваат интересна паралела во Duchamp-овата занимлива физика (и неговиот интерес за “повратот на огледалата” и “проектираните сенки”); заеднички им е андрогиниот психолошки образец; најпосле, Леонардовиот став дека сликата пред сè е работа на интелектот, наоѓа свој одек во настојувањето на Duchamp сликата да не смее да биде „само ретинална или визуелна; таа мора да биде поврзана со сивата материја на нашето поимање.“
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Покрај познавањето на литературата, битни беа и сознанијата за европското сликарство, бидејќи сум мошне заинтересиран за постренесансното време, уметноста на контрареформацијата и барокот.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Водачот на јужната република беше мошне заинтересиран да се забрза преведувањето и објавувањето на откриените сиџили.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
На дното на таа репродукција ги беше испишал буквите L. H. O. O. Q. кои на француски можат да се изговорат како Elle a chaud au cul (Таа има врел задник).
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)