Во мошне значајниот и во повеќе насоки инструктивен есеј „Еден опит“ со трите поднаслови... „за традицијата и иновациите“, „за откривањето на песната“ и „иднината на поезијата“, Блаже Конески ја сподвижи теоретската размисла за посебностите на индивидуалниот творечки опит кај нас, што може да биде од посебно значење и не само за македонската литературна историографија.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Ете неколку, меѓу многуте, причини (артикулацијата, транспарентноста, ставот) зошто во ударниот темат на оваа Маргина се поместени есеите на Борис Буден, кој освен што веројатно е најинтересниот хрватски аналитичар на премрежијата меѓу културата и политиката, воедно е и еден од клучните луѓе на мошне значајното (иако со мал тираж) списание „Аркзин“ (на делумно сличен начин како Маргина овде „Аркзин“ е конфронтиран со тамошниот интелектуален естаблишмент).
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
24 На триесет и први јануари 1827, на врвот на славата и на прагот на смртта, Гете со верниот Екерман разговарал за еден кинески роман со кој бил преокупиран и кој му се чинел мошне значаен.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Акиндин е веројатно вториот мошне значаен Словен, кој по Климент Охридски успеал да стане познат во Византија, а и во соседните земји.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Кон истражувањата се придружија мошне значајни луѓе како Олдос Хаксли, Алан Гинзберг, Хек Кероуак, Вилијам Бароуз...
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Како и други Словени кои своето образование имале можност да го добијат во Византија, се школувал во Солун, каде што се собирале познати личности.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Але - покренуваат механизам чиишто ефекти можат денес со полно право да се сметаат за мошне значајни.”
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Размислувањата на Бодријар за исчезнувањето на разликата меѓу привидот и битието во еден свет на симулација можат да бидат мошне значајни и за дизајнерите.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)