Но, има и една мошне конкретна идеолошка придобивка што произлегува од дефинирањето на хомосексуалноста како политичка и општествена состојба, а не како субјективна: таквата чисто политичка дефиниција на гејството помага да се осигура дека хомосексуалноста никогаш повеќе нема да се сфаќа како душевна болест – како болештина за која треба да се обвинат геј-луѓето како поединци, наместо да му се стави на товар на хомофобичното општество во кое живееме.
Лезбијското и геј-движење, затоа, имало и тоа како добри причини да го обезважнува субјективното доживување на хомосексуалноста, да пренебрегне како ние ја чувствуваме хомосексуалноста.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Жените ги добиваат чувствителните песни, срцепарателните песни или песни за невозвратена љубов.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
„Во традиционалните музички комедии“, забележува Џон Клам, „родовите распределби на песните се мошне конкретни.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Да повториме, можеби генеричките кодови на бродвејскиот мјузикл просветлуваат.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Со оглед на неговите политички насоки, феминизмот личи повеќе на реформистичко отколку на револуционерно движење, бидејќи неговите политички цели се мошне конкретни и не е тешко да се предочи нивното постигнување; овие цели се промовираат со повик кон раширените морални интуиции за чесноста.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Зашто таа женствена положба истовремено одразува и изразува една особена сместеност во рамките на цело едно поле дискурси и општествени практики.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)