мошне (прил.) - често (прил.)

Важна улога во унапреду­ вањето на работата на радио станиците имаат и ревиите и стручните публикации кои ги коментираат и оценуваат програмите и работата на одредени емисии и станици.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Покрај самостојната истражувачка работа мошне често се користат и специјализираните агенции за истражување на пазарот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Веќе со години процентот што стопанството го издвојува за радио огласувањето се врти околу 10%.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
147. Кралот и царот на средновековна Србија Стефан Душан (1308-1355) мошне често е предмет на размислувањата на Мисирков, при што особено се нагласува посебниот однос на царов спрема Волкашина.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Татко на турцизмите гурбет, сургун, гајрет, мошне често присутни во балканските јазици, реши, според кругот на блискоста на значењата, да ги предложи уште зборовите гајле и беља, како можна целина.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но оваа целина можеше да се дополни со други слични зборови.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски имаше уште многу да каже за поимот аир, имаше многу белешки пред него, но, сепак, реши да го заклучи своето излагање со уште една изведенка од зборот: Во балканските јазици е мошне често употребувана изведенката аирлија со значење со среќа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На мигови опфатен од чувство на дефетизам, кое беше мошне често кај балканските интелектуалци, формирани на Запад или Исток, сакаше да му каже на Татко јасно и гласно дека и нивната потрага по опасните османизми можеби ја губи основната смисла кога остануваат нерасчистени фундаменталните прашања за потеклото и врските помеѓу јазиците.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски сакајќи да го изрази прецизното значење на овој збор, но и да го покаже бездруго доброто владеење на францускиот јазик, значењето на зборот аирлија, го претстави и на француски јазик: Q`il vous soit de bon augure!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На пример, заклучив дека многумина алтернативни уметници во рамките на своите меѓународни комуникации мошне често се кријат зад таквите - фиктивни или непостоечки - имиња на организации и групи, кои се всушност тие самите.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Им се забележува на моите романи - игра на работ на балконот, кибритчиња покрај шише со бензин, набиен револвер на ноќната масичка - интелектуална потрага водена од самиот роман, нешто слично на непрекинат коментар за дејстието или, мошне често, дејствие поради коментар.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
„Највисокиот закон на азијанизмот е самоволието“ (Норден), но, ќе видиме, мошне често станува збор за многу добро промислена и пресметана самоволија.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Не сакав тогаш на Луција да ѝ се спротивставувам па да ѝ објаснувам дека мошне често, наместо патриотизам луѓето се задоволуваат со еден вид културен примитивизам, и живеат како во полусон, убедени дека се патриоти; многу години подоцна сфаќаат дека примитивизмот на народните обичаи (во позитивната, културна смисла на зборот) не го определува нивниот патриотизам, туку дека е само еден вид културно алиби дека припаѓаат кон некое движење.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Има една поговорка, што мошне често се употребува, и што точно го одразува тоа наше очекување, за стореното добро да ни се врати многу повеќе.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
На речиси комичен начин во интервјуто тоа го кажува и самиот Висковиќ потсетувајќи нè на познатиот факт дека Ласиќ мошне често ја пројоцира сопствената личност во опусот на Крлежа, односно конкретно: “Крлежа требал да го направи она што тој (Ласиќ) би го направил да бил во неговата кожа”.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Сочувствувањето не му било туѓо: на неговото срце му биле достапни голем број добри движења, и покрај тоа што неговиот чин мошне често им попречувал да се пројават.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И оттогаш речиси секој ден му се јавувал пред очи бледиот Акакиј Акакиевич, кој не го издржал укорот на претпоставениот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ако, пак, работата беше особено тешка, тогаш тој имаше обичај дури и воопшто да не ги завршува речениците, така што мошне често, започнувајќи со зборовите: „Тоа е, навистина, сосема онака...“ – а понатаму веќе немаше воопшто ништо, зашто и самиот тој забораваше, мислејќи дека кажал сѐ што било потребно.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Напати, во тие тешки мигови, во кои ќе се најдеше семејството, на разминување помеѓу животот и смртта, како да се доведуваа во прашање сите верувања, идеологии, сите знаења за животот, мошне често се наложуваше случајноста, каков што е, впрочем, самиот живот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во денешниот момент на (македонското) новинарство кадешто лаже кој стигне, кадешто моралната одговорност во најдобар случај е мисловна именка, и кадешто мошне често ни за највулгарните и најприземни навреди не може да се добие ни минимален отчет, навистина е во ред прашањето зошто, кога веќе се залагаме за промена на состојбата, не потпишуваме одредени свои текстови.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Но ние всушност ги потпишуваме! И ја воведуваме формата на колективно авторство.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)