Очите му одат и на огледалото над водарникот на кое се огледуваше порано при што забележуваше: како што ќе го оставеше лицето навечер во него, такво и наутро го наоѓаше: тажно, јадовно како да се фотографирало во него.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Имаше мигновена, комична визија за себе, Лардес Ливајн, Евреинот Талкач, како расправа во работните денови навечер во некои туѓи и безимени градови, со некои други Евреи Талкачи за есенцијалните проблеми на идентитетот - не толку на личноста, колку на местото, и какво право имаш да се наоѓаш било каде.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Еднаш, користејќи го состанокот на литературната дружина и невниманието на школскиот прислужник, влеговме навечер во школскиот кабинет.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Убедена дека е рамнодушна, не ни сети како меѓу сите лица собрани навечер во купчиња под уличните светилки тогаш го забележа него.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Тој приход заедно со бакшишот што го добиваше од муштериите, нему му овозможи да си купи не само неколку кошули туку и костум така што навечер в град излегуваше со поголемо самочувство.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
- Наутро можеш да ме најдеш во кафеаната Вечер а навечер во Изгрев, наспроти Женската гимназија.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Навечер во мојата населба соседите се собираат во дворовите и на клупите во парковите.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
„Ете, тоа се подготвував да ти го кажам ако некогаш дојдеш.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Ти имам кажувано. Униформирани лица упаѓаа навечер во еврејските домови, кршеа сѐ околу себе и маваа по нас, и ни велеа да си одиме.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Нејзиното испиено лице, штрбата уста, проќелавената глава, навечер во темнината на уличките сигурно уште намамуваа по некој пијан човек.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ете таа сила и нејзе, на Дуковица, и влегла еден петок навечер во собата, и ги кревала чиниите од трпезата, ги фрлала по подот.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)