навистина (прил.) - тврди (гл.)

Лок смета - што се однесува до секундарните квалитети - ние ги осеќаме нашите осети дека ги спознаваме само секундарните квалитети - т.е дека ние ги осеќаме само нашите осети.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Навистина неговиот плач беше изблик на една многу подлабока болка што не треба да се врзува дури ни со љубовта; тој крик беше објава на еден крај; на свршеток кој сам по себе беше премногу грд. Затоа и го отфрлив.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Оваа тенденција кон она што може да се нарече репрезентационализам е типична и за Дерида во неговото прочуено тврдење дека “не постои ништо вон текстот”.24 Не правејќи разлика помеѓу знакот и означеното, она што тој го пишува не се однесува на нештата вон текстот или јазикот туку само за самиот текст и јазик.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Некои други модернисти навистина тврдат дека ние ја спознаваме реалноста, но неа ја определуваат како нешто што конвенционално е согледано како само нејзина претстава.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Не, јас навистина тврдам дека неговата несреќа воопшто не беше крик на повредена суета. (Мислам дека и премногу се манипулира со суетноста на уметниците и со горчините што нејзиното неконтролирано разлевање ги создава).
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)