навистина (прил.) - ги (зам.)

Иако ризикувајќи да испаднеме неумесни (бидејќи текстот навистина ги преминува границите на здравиот разум), го истакнуваме повеќе како симбол за состојбите во македонската култура, отколку како обид невкусно да се подбиваме со нечии неумеења.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Иако понекој имаше да им го каже патот, тие со сила беа земени од тој ајдутин Толета и без оружје одеа, та при првите пушки од аскерот се разбегаа и никаков кедер не направија“ стоеше во долгиот мудуров и јузбашиев извештај.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Си достоја на клетвата и бесата, та во писмото, не само што не ги нападна селаните, ами навистина ги бранеше.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Оној навистина ги има сите права да се убие и засега единствен начин да остане жив е твојата спремност да му помогнеш.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Идентитетот може да ја извршува ова важна практична и политичка функција зашто им овозможува и навистина ги поттикнува нормалните луѓе да ги категоризираат припадниците на стигматизираната популација како единствена група, не врз основа на нивното одбивно однесување, туку, понеутрално, врз основа на нивниот „идентитет“ – односно, на нивната заедничка припадност во „заедница“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не затоа што, ако се откажеме од него, ќе се усреќиме, туку затоа што тоа што ќе одбиеме да си го компромитираме посакувањето на она, правото, нема да постигне ништо и уште повеќе ќе нѐ унесреќи и ќе нѐ јадоса: ќе предизвика губење на малкуте вредни нешта во светот што навистина ги поседуваме и ќе нѐ натера да ги уништиме токму битијата што ни се најдраги.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Со други зборови, би нѐ открил: би изразил, а со тоа и би обелоденил, нешто срамотно или неугледно или барем потенцијално дискредитирачко за нас, нешто непожелно или патетично или претенциозно или непривлечно, нешто штетно за нашиот идентитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Трагичната мудрост подразбира негово отфрлање.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Клониме од еден дизајн, кој никогаш, ама никогаш не би го имале дома – или не би го носеле, или не би го возеле – не само затоа што е грд туку и затоа што е, да речеме, сладок или китен-китен или фалбаџиски или мелодраматичен.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мораме да научиме да му се опреме.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А дури и во тие очигледни или одбивни случаи, може да излезе потешко да се објасни логиката што ни е во основата на вкусовите одошто ние сме си мислеле.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таква е, барем, визијата на класичната трагедија, онака како што по правило произлегува од јуначките судири меѓу мажите од различни поколенија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Реагираме толку силно на овие кодирани значења што не може да има многу сомнеж дека навистина ги има таму или дека знаеме дека ги има, но – освен во неколку случаи, кои не се ниту очигледни ниту претерано одбивни – би биле на големи маки да ги кажеме какви се, да ги именуваме, точно да наведеме од што се состојат тие значења, што точно значат тие конкретни значења.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Веднаш почнува да чита:...зад твоето лице постои сешто, зад моето лице е и твоето...треба да имаш доволно шапки...(со левата рака го зема преполнетиот пепелник)...знам дека постојат големи слабости...случувања имаат свој од...(ги истресува догорчињата во ќесето врз компировите лушпи и неуспешните страници од огледот за Калвино)...ги броиш пукнатините на таванот (навистина ги има)...чувствуваш ли како од овие писма се ткае приказна...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Навистина ги одбра луѓето, по чии што стапалки ќе се загледаш како теле, мислеше солзејќи од смеење.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Мора да ги очекувал, а настаните покажаа дека навистина ги очекувал, заседите кои му беа поставени.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ова се чини дека навистина ги пресвртува на глава Тјуринговиот принцип на еквиваленција и Тјуринговиот тест.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Уште тогаш Винстон и не помислуваше дека луѓето кои исчезнуваа во чистките навистина ги извршиле престапите за кои беа обвинувани.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И тој навистина ги виде, за еден миг, пред да се промени сликата во неговата свест.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Влаинката ја израдува овој краток разговор што му го разбистри лицето на нејзиниот син, па таа наместо тој, навистина ги засука ракавите, скокна и почна да се фали како на гроздоберот самата ќе ја преземе работата околу манџата за берачите.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И навистина ги осуди двајцата со поп Јакова.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Првин се фатија светијовани. Отиде на свети Атанаса на гости и се убеди дека навистина ги има оние златни уште од султан Меџидово време.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој навистина не ги дочека војниците со крстовите и забитите — офицерите со белите коњи, но навистина ги собра селаните пред конакот на тргнување и навистина им одржа еден говор.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Откритието ми наликуваше на оние ситни зраци што наеднаш се јавуваат покрај нас во собата користејќи некоја мала цепутка на завесата или на ролетните и тоа со единствена цел да нѐ упатат кон загубената ситница по која со часови трагаме; а замислете си само со колку слободно време располагав секое утро, во миговите на најголемата бистрина на умот, додека чекав во бурекџилницата (топлите симиди мораше да се чекаат ако навистина ги посакувавте топли) а Катерина, реков веќе, потскокнуваше од задоволство кога ќе утврдеше дека се онакви какви што ги посакуваше.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се граничи со чудо тоа дека овој човек наполни 80 години: William S. Burroughs, најгневниот американски поет, навистина ги доживеа ексцесите од своите книги. Burroughs, грозен junkie поет. Burroughs, бизарен кум на рок андерграундот. Burroughs, непријатен пензионер кој сега ги снабдува новите хип-хоп клинци со остри текстови. Burroughs okno.mk | Margina #11-12 [1994] 5
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Толку многу ги сакаше пеперутките. Баш навистина ги сакаше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)