навистина (прил.) - им (зам.)

Тој навистина не ги дочека војниците со крстовите и забитите — офицерите со белите коњи, но навистина ги собра селаните пред конакот на тргнување и навистина им одржа еден говор.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но за подалечен пат не можеа да се решат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тој напред, четите по него — ги одведе во Будимерци каде што навистина им приреди пријатен одмор.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тој навистина им должи објаснение и тој е човекот, иако не го знаат, што би можел нешто да поправи во оваа ситуација.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Парсонс и навистина им се враќаше на шорцовите секогаш кога некој заеднички поход или каква било друга физичка активност ќе му дадеа оправдување да го стори тоа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но, едновремено, најчистиот филозоф е оној кој навистина им се обраќа на сите.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
За овој став на големите сили морале да водат сметка сите оние фактори на македонското движење на кои навистина им лежеле на срце интересите на Македонија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Морам да кажам дека ме чудат луѓе на кои навистина им се допаѓа филмов, а демек ги навредува тоа што некои од нас сметаат дека сосема му стои звањето – најкампест филм на сите времиња!
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Им тргна со блиската топлина на шампањско пријателство, но разделбата во лифтот им беше чудно ледена“ (132).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Разочарувањето навистина им е брзо: дури ни постела не треба да делат во Волдорф за да го загубат интересот еден за друг. ‌Хомосексуалноста во случајот на Пол нема врска со други луѓе.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Се избистри работата дека таа област – Мариово е личен султанов хас и дека прилепскиот кадија навистина им правел зулуми на тие луѓе.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Откако ги ислуша и се увери во нивните искрени прикажувања, везирот се обрна кон Арслана: – Ќе наредиш да се напише ферман.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И под три, ти си рекламен цртач, што навистина им пречи, бидејќи кога тие работат рекламни излози и останатото што ќе им го средам - тие тоа го прават исклучиво за да имаат од што да живеат.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Длабоко во себе, навистина им бев благодарен.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)